Кина ги деградираше дипломатските односи со Литванија поради Тајван

Кина го деградираше дипломатските односи со Литванија, откако властите во Вилнус му овозможија на Тајван да отвори де-факто амбасада во оваа балтичка членка на Европската унија и на НАТО, соопшто во неделата кинеското министерство за надворешни работи.

„Литванија го игнорираше формалниот став на кинеската влада, ја пренабрегна целокупната ситуација со билатералните односи и ги игнорираше основните норми на меѓународните односи“ со дозволувањето на Тајван да отвори претставничка канцеларија во Литванија, се наведува во соопштението објавено на официјалната мрежна страница на кинеското министерство за надворешни работи.

Пекинг побарал од Вилнус што поскоро да ја „исправи грешката“, се додава во соопштението.

Кина во август бараше од Литванија да го повлече својот амбасадор во Пекинг и порача дека ќе го отповика кинескиот амбасадор во Вилнус, како и во случајот на Македонија во 1999 година, откако Тајван објави потворање на „Тајванска преставничка канцеларија“ во балтичката земја.

Другите тајвански претставништва во Европа и во САД го користат називот според главниот град Тајпеј, избегнувајќи алузии на самиот остров кој Кина го смета за своја одметната покраина. Досега само 15 земји имаат формални дипломатски врски со Тајван, главно стимулирани со големи финансии. Тајван, кој инаку нуди големи финансиски поддршки за земјите кои ќе отворат дипломатски мисии, нема официјална диплотматски мисии со ниедна европска земја освен со Ватикан.

 

Пекинг го зголемува притисокот врз Тајван

Кина во последниот перидот го засили својот воен и дипломатски притисок врз Тајван во настојувањата да ја принуди власта во Тајпеј да го признае кинескиот суверенитет. Тајван, поддржан главно од САД, инсистира незавинса земја со право на меѓународно третирање и дека вооружено ќе се брани од Кина доколку биде нападнат, а во четвртокот доби и поддршка во тоа од американскиот претседател Џо Бајден.

Официјалните односи меѓу централната влада во Пекинг и властите во Тајпеј се прекинати во 1949 година, кога силите на Куомитангот, предводени од генералот Чанг Кај-шек, поразени во граѓанската војна со Кинеската комунистичка партија, се префрлија на островот Тајван. До 1971 година, кинеското место во ОН го заземаше Република Кина (Тајван), а до денес ја признаваат само 14 членки на ОН, како и Ватикан, како најзначаен меѓународен субјект кој одржува службени дипломатски односи со Тајван. Државите не може да имаат официјални односи истовремено со Кина и со Тајван, како што беше случајот со Македонија кон крајот на 1990-те и почетокот на 2000-те години.

Пекинг ги критикува односите на другите земји со Тајван, кој го гледа како своја покраина. Кинеските власти редовно протестираат и бараат од Вашингтон цврсто придржување на политиката на „една Кина“, а Тајван го сметаат за своја одментната покраина. Кинеските власти постојано остро ги критикуваат американските планови за вооружување на тајванската армија.

Деловните и неформалните контакти меѓу Тајван и континентална Кина беа обновени кон крајот на 1980-те години. Од почетокот на 1990-те години, пак, двете страни почнаа да комуницираат преку невладини органиации: пекиншката Асоцијација за развој на односите преку Тајванскиот теснец и Фондацијата за размена преку теснецот во Тајпеј. Пекинг, меѓутоа, не се откажува од обединувањето на Тајван со Кина, при што не ја исклучува ниту употребата на сила.