![sad kina znaminja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/sad-kina-znaminja.jpg?resize=650%2C365&ssl=1)
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ги обвини во петокот САД дека „сериозно“ ја поткопуваат меѓусебната доверба по американските иницијативи во врска со кинеските региони Хонгонг и Ксинџијанг.
Американскиот претседател Доналд Трамп потопиш закон за поддршка за хонгконшките демонстранти, кои се противат на влијанието на централната влада во Пекинг врз овој полуавтономен регион, поранешна британска колонија вратена на матицата Кина во 1997 година.
Претставничкиот дом на Конгресот на САД на почетокот од декември усвои закон кој повикува на казнување на кинеските функционери во покраината Ксинџијанг во северозападот на земјата, каде што има доста затворени припадници на муслиманската заедница Ујгури, кои се обвинети за тероризам и изведување на некои од големите напади претходните години. Во врска со овие две прашања, американскиот државен секретар Мајк Помпео повеќепати остро ја критикуваше Кина.
„Тој вид однесување тешко ги погодува темелите на двостраната макотрпна стекната доверба меѓу Кина и САД. Намерно ја напаѓаат и оцрнуваат Кина по прашањата на суверениетото и националното достоинство“, предупреди Ванг Ји на прес-конференција посветена на кинеските надворешни работи. Министерот ги критикуваше ограничувањата и притисоците од страна на Вашинтон во сферата на економијата, трговијата и технологиите.
Кон крајот на ноември Трамп го разлути Пекинг со прогласувањето на законот кој ги поддржува опозициските прозападни движења во Хонгконг, каде од јуни траат протесети. Кина возврати со санкции за невладините организации кои ги поддржуваат демонстрантите а чии седишта се во САД, како и со суспендирањето на дозволата за впловување на американските воени бродови во хонгоншкиот залив.
Кинеската дипломатија, исто така, вети противмерики доколку биде донесен закон за Ујгурите во Ксинцијанг. Организациите за заштита на човековите права го обвнинуваат Пекинг дека на таа територија се затворени наводно до милион муслиомани, во ткна „логори за политичко превоспитување“. Пекинг ги негира овие наводи и вели дерак станува збор за центри за професионално образование, кое треба на локалното муслиманско население кои стана малцинство во оваа покраина да се оддалечи од исламот и тероризмот.