Кина ги обвинува САД за „големата закана“ по безбедноста на нејзините астронаути откако два сателата Starlink на компаниите на Илон Маск за малку ќе се удреле во кинеската вселенска станица.
Според документот кој Кина го поднела на почетокот од декември во Канцеларијата на Обединетите нации за вселенски истражувања со седиште во Виена, кинеската вселенска станица „Тиангонг“ (Небесен дворец) во два навата, во јули и октомври годинава, морала да маневрира за да избегне судар со сателитите на американската компанија „SpaceX“.
Станува збор за сателитите Starlink со кои интернет услугите се овозможуваат во тешко достапните области. Овој систем крајно ќе функционира со мрежа од околу 12.000 сателити во ниската орбита кои кон Земјата константно емитуваат широкопојасен интернет.
„Од безбедносни причини кинеската вселенска станица го вклучила превентивниот систем за избегнување судри за да ја сочува безбедноста и животите на своите астранаутите во орбитата“, се наведува во документот објави на интернет страницата на Канцеларијата на ОН за вселенски истражувања.
Кина ги обвинува САД дека не ги извршуваат своите меѓународно обврски во Вселената, без директно споменување на името на најбогатиот човек на планетата во чијашто сопственост е компанијата која ги лансира Starlink сателитите.
Копија од кинескиот документ во понеделникот кружеше на Weibo, кинеската верзија на Twitter, каде некои корисници проектот и инцидентот го опишуваат како „вселенска војна“, некои повикуваат и на бојкот на „Tesla“, производителот на електрични автомобили, исто така, основана од Илон Маск.
Во ноември кинеската филијала на „Tesla“, обајви дека Starlink нема да ги нуди своите услуги во Кина, Наместо тоа, сите возила на „Tesla“ и станиците на напојувањет во земјата би ги користеле улсугите коишто ги нуди кинескиот оператор, а сите податоци би биле задржави во Кина.
„SpaceX“ досега во орбитата испрати повеќе од 1.500 астелите кои треба да ја услужуваат широкопојасната мрежа за интернет, а Маск зиајви дека на крајот сака да постави околу 42.000 сателити во ниската орбита на Земјата.