Кина ги осуди американските рестрикции за кинеските новинари

Кина во вторникот порача дека ќе одговори на новите ограничување коишто САД ги воведоа за кинеските новинари кои работат во оваа земја.

Порпаролката на кинеското минситерство за надворешни работи, Хуа Чинјинг, на Twitter објави дека ограничувањето на бројот на персонмалот кој може да биде вработен во четирите кинески држав ни медиуми во САД „де-факто значи протерување“.

САД во понеделникот речиси го преполови бројхот на кинеските новинари кои имаат дозвола да работат за кинеските државни медиуми во САД, како одговор на ограничувањето кое Пекинг го воведе за странските медиуми во Кина.

Медиумите опфатени со оваа одлука Вашингтон минатиот месец ги прогласи за странски претставништва и сега ги смета за „пропагандни“ организации. Од 13-ти март ќе може да вработуваат најмногу сто кинески државјани, наспроти досегашните 160 лица.

„Кина со години сѐ построго ги надгледува, заплашува и вознемирува Американците и другите странски новинари кои работат во Кина. Ја повикуваме кинеската влада веднаш да потврди дека се обврзува да ја почитува слободата на говорот, којашто подеднакво се однесува и на претставниците на медиумите“, истакнува во писмената изјава од понеделникот американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Помпео притоа директно не го споменува прогонот на тројцата новинари на The Wall Street Journal во февруари годинава.

„Со намалувањето на кинескиот персонал… се сака… воспоставување рамнотежа којашто стигнува предоцна“, додава Помпео. Одлуката „не се темели на содржината којашто тие гласила ја објавуваат“ и САД не воведуваат „никакви ограничувања“ на она што го објавуваат, заклучува американскиот државен секретар.

Хуа мерката на Вашингтон ја нарече „нов чекор на политичката опресија и доказ за лицемерието“ по прашањето на слободата на медиумите во САД. „Сега кога САД ја започнаа играта, да си играме“, додаде Хуа алудирајќи дека Кине ќе одговори на мерките.

Хуа направи споредба и истакна дека вкупно 29 американски медиумски организации дејствуваат во Кина, додека во САД се активни само 9 кинески.

Додека американските новинари имаат визи за Кина кои им овозможуваат повеќекратни влегувања во земјата, САД се закани со понуда исклучиво за еднократни визи за кинеските новинари.

Пекинг притоа порача дека има право да преземе натамошни мерки против американските медиуми.