Кина ги поддржува земјите од Блискиот исток во одржување стратешка независност

Долгогодишните жестоки ривали на Блискиот исток, шиитски Иран и сунитската Саудиска Арабија, во четвртокот презедоа уште еден значаен чекор кон помирувањето, формално обновувајќи ги дипломатските врски по седумгодишниот прекин на односите, потврдувајќи ја потребата за регионална стабилност и се согласија да продолжат со економската соработка.

Договорот беше постигнат во Пекинг во текот на состанокот меѓу министрите за надворешни работи на Иран и на Саудиска Арабија, еден месец откако Кина посредуваше за првичниот договор за помирување меѓу двете регионални сили.

Најновото разбирање дополнително ги намалува шансите за вооружен конфликт меѓу ривалите, како директно, така и во посредничките конфликти низ регионот. Тоа би можело да ги зајакне напорите на дипломатите да стават крај на долгата војна во Јемен, конфликт во кој и Иран и Саудиска Арабија се длабоко инволвирани на спротивните страни.

Соопштението од четвртокот, исто така, претставува уште една дипломатска победа за Кинезите, бидејќи арапските земји од Персискиот залив сметаат дека САД полека се повлекуваат од поширокиот регион.

Иран и Саудиска Арабија ќе ги обноват дипломатските односи во рок од два месеца, како што е предвидено со договорот од март, се наведува во заедничката изјава којашто шефовите на дипломатиите на двете земји го потпишаа во четвртокот во Пекинг.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан во објава на Twitter состанокот во четвртокот во Пекинг со неговиот саудиски колега Фејсла бин Фахран ал Сауд бил „позитивен“, додавајќи дека на разговорите „акцентот бил ставен на стабилноста, одржливата безбедности и регионалниот развој“.

По годините отворено непријателство коешто поттикна судири низ целиот Блискиот исток, Техеран и Ријад се согласија да стават крај на своите дипломатски раздори и повторно да ги отворат амбасадите.

Министрите на надворешни работи на Иран и Саудиска Арабија во четвртокот се сретнаа во Пекинг на првиот официјален состанок по повеќе од седум години, откако Кина посредуваше во обновувањето на дипломатските односи на двете регионални сили, а во заднина имаше и дипломатска асистенција од Русија.

Во кусата снимка објавена на иранската државна телевизија, принцот ал Сауд и неговиот ирански колега Амир-Абодлахиан се поздравуваат пред да седнат еден крај друг.

„Техничките тимови ќе ја продолжат координацијата за да се истражат начините за проширување на соработката, вклучително и враќањето на летовите меѓу двете земји билатералните посети на службеници и делегации од приватниот сектор, како и олеснувањето на визниот режим за граѓаните на двете земји“, се наведува во заедничкото соопштение.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг во март помогна во неочекуваното затоплување на односите меѓу Ријад и Техеран, што е показател за сѐ поголемото влијание на Кина во Регионот. Истиот месец Кси со саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Салман разговараше за низа прашања. Кинеската улога во ова придвижување ја затресе динамиката на односите на Блискиот исток, каде што со децении главен посредник беа САД.

Саудиска Арабија целосно ги прекина дипломатските односи со Иран по децениската конфронтираност и речиси никаква соработка во 2016 година по нападите врз нејзините дипломатски претставништва во Иран, откако Ријад погуби влијателен клерик од саудиската шиитска заедница. Односите беа крајно влошени година претходно по интервенцијата на сунитската коалиција од десетина земји предводена од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати во војната во Јемен во која Иран ја поддржува спротивната страна, шиитската заедница Хути кои години претходно кренаа бунт поради ширењето на Ал Каеда во земјата без реакција во Аман каде подоцна ја соборија владата која ја поддржуваше Ријад. За Саудиска Арабија подобрувањето на односите со Иран веројатно ќе значи и поголема безбедност по честите напади на Хутите врз нејзините нафтени постројки и градови.