Кина издаде силно предупредување во вторникот за демонстрантите во Хонгконг почарувајќи им дека нивните обиди да „играат со оган ќе им се вратат на глава“.
Портпаролот на кинеската канцеларија за Хонгконг им порача на демонстрантите да ги „потценуваат цврстите одлуки на централната влада“. Антикинеските сили се заслужни за насилството во градот, додаде. „Народноослободителната армија на Кина е моќна сила и ќе го заштити секој дел од својата територија“, истакна портпаролот запрашан за можно испраќање на кинеските воени сили како одговор на протестите во Хонгконг.
Во овој мегалополис на југот од Кина кој ја доживува својата најтешка политичка криза откако се врати во состав на матицата, веќе осум последователни викенди се одржуваат масовни протести кои прераснуваат во судири меѓу малите радикалните групи и силите на редот.
Челничката Хонконг, Кари Лам, во понеделникот предупреди дека градот е „на работ од многу опасна ситуација“, Во свое прво појавување во медиуми по две седмици, ги обвини активистите дека го користат законот за екстрадиција за да ги прикријат своите вистински намери.
По повеќе од два месеца од почетокот на протестите, не постојат знаци дека ќе се намали нивниот интензитет или ќе бидат прекинати, а кои започнаа поради предлогот контроверзниот за екстрадиција во Кина. Протестите во оваа поранешна британска колонија започнаа на 9-ти поради незадоволството од законот кој овозможува осомничени лица да бидат предадени на Кина. Жителиет на Хонгконг сметаат дека то ќе ја поткопа правосудната независност на оваа автономна покраина, и ќе ги изложи на политички обвиненија.
Во меѓувреме властите номинално се откажаа од законот, но демонстрантие бараат наводно негово целосно повлекување и оставка на гувернерката на Хонгконг, Кари Лам. Нивните барања се проширија и на задржување на демократските слободи и права, како слободата на говорот и независност на судството, што Пекинг ги оценува само како изговори за да се дестабилизира политичката ситуација во земјата.
Овие притисоци се најголемиот досега политички предизвик за кинескиот претседател Кси Џинпинг, откако ја презема должноста во 2012 година, а се одвиваат и во период кога Кина влегува во сѐ пожестока трговска војна со САД и се соочува и со слабеење на економијата во политички чувствителниот момент.