Глвната кинеска шпионска агенција ги предупреди студентите кои имаат пристап до чувствителни податоци да внимаваат на „прилечни мажи и убави жени“ кои се преправаат дека имаат чувства кон нив за да ги намамат да шпионираат за странски ентитети, а со тоа и да ја загрозат националната безбедност.
Кинеското Министерство за државна безбедност во средата детално предупреди на јавната социјална мрежа WeChat дека постојат безброј начини на кои студентите можат да бидат изманипулирани за да откријат важни информации. Министерството наведува дека е откриено дека странски разузнавачки и шпионски агенции се инфилтрирале меѓу студентите кои целат да ги придобијат.
„Тие ја користат младешката љубопитност и подготвеност да испробуваат нови работи“, се вели во соопштението за печатот.
„Привлечните мажи и убавите жени се преправаат дека се внимателни и сочувствителни и со лажни чувства ги водат во замката на љубовта“, посочуваат од министерството.
Министерството додава дека студентите кои имаат пристап до чувствителни, научни податоци се првенствено на удар, а шпиони им приоѓаат преправајќи се дека се академици, вработени во истражувачки институции и консултантски компании.
„Тие ги намамуваат студентите со високо платени работни места со скратено работно време, наводно заради истражување на пазарот и академска размена“, предупредуваат кинеските власти.