Новата листа заснована на приходи на компанијата за 2018 година е објавена заедно од Кинеската конфедерација на претпријатија и кинеската асоцијација на директори на претпријатија, пренесува Радио Кина.
Најдобрите 500 компании во Кина оваа година опфаќаат 76 индустрии кои оствариле вкупни приходи од 79,1 трилион јуани (11 трилиони долари) во 2018 година, т.е. 11,14% повеќе од претходната година. Нивната комбинирана нето-добивка е 3,53 милијарди јуани, што претставува раст од 10,28% за една година.
Меѓу 500 компании на списокот, 244 се во преработувачката индустрија и 173 во услужниот сектор. На врвот на списокот се наоѓаат „Кина петрохемиска корпорација“, „Кина Национална нафтена корпорација“ и „Државната корпорација за електрична енергија на Кина“.
Истражувањето и развојот се приоритет број еден за компаниите, при што 426 од нив инвестираат вкупно 976,55 милијарди јуани, што претставува раст од 21,71% од претходната година.