Кина го одложи објавувањето на податоците за БДП-то во третиот квартал

Кина го одложи објавувањето на извештајот за бруто домашниот производ (БДП) за третото годинешно тримесечје без појаснување, откако челникот на државната агенција за економско планирање тврдеше дека економијата значително закрепнала, но и потврди за „тешкотии и предизвици“ годинава.

Извештајот требаше да биде објавен денеска, но на интернет страницата на бирото за статистика со најавата стои и известувањето „одложено“. Притоа не се наведуваат причините за неочекуваното одложување, коешто се надоврзува на известувањето од царинската управа кој крајот на минатата седмица за одложување на извештајот за трговската размена.

Неименуван службеник во кинеското биро за статистика не можел да одговори на прашањето кога извештајот за БДП-то за третиот квартал ќе биде објавен, наведува германската новинска агенција DPA.

Се очекува дека податоците ќе покажат раст на активностите во третото тримесечје за 3,4 отсто во однос на истиот минатогодишен период, откако состојбата блиску до стагнација во периодот од април до јуни годинава, се додава во агенцискиот извештај.

Стопанството значителни закрепнало во третиот квартал, покажувајќи поголема отпорност на пандемијата и екстремните временски прилики, изјави за медиумите на конгресот на Комунистичката партија во понеделникот, шефот на агенцијата за економско планирање Жао Ченксин. Во разговорот со новинарите тој сепак призна извесни „тешкотии и предизвици“ и „неочекувани шокови“ годинава.

„Економијата поради пандемијата на коронавирусот, екстремните временски услови и другите неочекувани фактори забележа одредени флуктуација, но сега закрепнува и покажува поголема отпорност“, изјави Ченксин чијашто агенција ги изработува петгодишните економски планови.

Растот во целата година веројатно ќе биде послаб од зацртаните 5,5 отсто, шпекулираат западните медиуми, поради политиката на нулта толеранција на Covid-19, која вклучува „затворања“ и масовни тестирање на граѓаните.

Светската банка очекува дека кинеската економија годинава ќе порасне само 2,8 отсто, најслабо во последните четири децении, кога ќе се изземе 2020 година, првата пандемиска година. Меѓународниот монетарен фонд, пак, го процени кинескиот економски раст годинава на 3,2 отсто.