САД и НАТО мора да си ја преземат одговорноста за украинското прашање, Алијансата нема право да ја критикува Кина или да врши притисок врз неа во врска со тоа, порача во четвртокот на редовниот брифинг портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Мао Нинг.
„Кина отсекогаш заземаше објективен и праведен став по прашањето на украинската криза, Пекинг е иницијатор за политичко решавање на кризата, поддржувач на промовирањето на помирува и водење преговори и ја ужива поддршката (за тоа) од повеќето земји во меѓународната заедница“, изјави Мао Нинг за новинарите.
Портпаролката на кинеската дипломатија истакна дека документот во кој беа изложени позициите на Кина за политичко решение на војната во Украина сеопфатно ја одразува соодветната позиција, како и дека историјат на крајот ќе покаже кој навистина стои на страната на правдата.
„Што се однесува до одговорноста за украинското прашање, мислам дека САД и воените сојузи, како што е НАТО, треба да ја преземат одговорноста. НАТО нема прав да ја критикува Кина или да врши притисока врз неа“, додаде Мао Нинг.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Сотлтенберг, во средата изјави дека Алијансата ќе го следи зајакнувањето на соработката меѓу Кина и Русија, и оти во врска со тоа има намера да ја зголеми соработката со партнерите во индо-пацифичкиот регион.
„Кина отфрли да ја осуди руската агресија, ја поддржува руската економија и пропаганда“, рече Столтенберг и го предупреди Пекинг да не ѝ испорачува оружје на Русија посочувајќи дека тоа ќе биде „историска грешка“ и „ќе има значителни последици“.
Притисокот врз Пекинг од западните земји во четвртокот го продолжи францускиот претседател Емануел Макрон кога пред почетокот на раговорите со кинескиот претседател Кси Џинпинг го повика да дејствува на Русија за да ја запре војната во Украина.
„Руската агресија во Украина ѝ зададе удар на (меѓународната) стабилност.. Знам дека можам да сметам на вас дека ќе ја вразумите Русија и сите да се вратите на преговарачката маса“, изјавил Макрон стоејќи до Кси пред Големата сала на народот пред почетокот на нивниот разговор.
Претходно кон крјаото на февруари Кина предложи мировен план од 12 точки за украинската криза, повикувајќи ги двете страни да се согласат на постепена деескалација што ќе доведе до сеопфатен прекин на огнот. Меѓутоа колективниот Запад (САД и ЕУ) го отфрлија планот наводно поради одбивањето на Кина да ја осуди Русија, а САД и НАТО тогаш рекоа дека Кина размислува да испрати оружје во Русија, тврдењата што Пекинг ги негираше.