Кина го разреши од должноста министерот за надворешни работи Чин Ганг

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Гаг разрешен е од должноста во вторникот откако еден месец не се појави во јавноста, а властите засега не објавија образложение за ваквата одлука.

Чин Ганг беше кинески амбасадор во Вашингтон, пред да биде именуван за министер за надворешни работи. Претходно беше заменик министер за надворешни работи и шеф на протоколот на државниот и партиски орган на претседателот Кси Џинпинг во периодот од 2014 до 2017 година. Го сметаат за националистички тврдолинијаш, но како амбасадор во САД дејствуваше помалку конфронтирачки отколу пред именувањето на таа должност.

Педесет и седумгодишниот Ганг важеше за близок човек на претседателот Кси, на министерската должност бше именуван кон крајот на ланскиот декември а почна да ја извршува во март годинава.

Ганг последен пат се појави на официјален настан на 25-ти јуни, кога во Пекинг го прими заменикот на рускиот министер за надворешни работи Андреј Руденко, според хронологијата на соопштенијата на кинеското Министерство за надворешни работи.

Претходно месецов беше објавено дека Кина го откажала состанокот на министерот Чин Ганг со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел, кој бил планиран за 10-ти јули, само неколку дена пред да се одржи. Притоа причините не биле наведени.

Чин, исто така, не присуствуваше на неколку дипломатски собири, па и на состанокот на министри за надвореши работи во Џакарта на состаноците на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (ASEАN) и партнерските земји, откако Пекинг неговото отсуство беше објаснето со здравствени причини. Наместо него, во Џакарта отпатува кинескиот највисок дипломат Ванг Ји, кој е над Чин Ганг во хиерархијата на власта во Кина.

Изминатиот период Министерството за надворешни работи главно наведуваше „здравствени причини“ одговарајќи на прашањата за неговото отсуство во јавноста, а потоа речиси цел месец воопшто не се изјаснуваше во врска со Ганг.

Во вторникот власта одговори на некои прашања, и тоа преку медиумите. „Чин Ганг е разрешен од должноста министер за надворешни рабори“, кусо соопшти службената кинеска новинска агенција Xinhua. Агенцијата, без да ги наведе причините за потегот, се повикува на одлуката на постојаниот комитет на Народното собрание.

На должноста го земенил неговиот претходник Ванг Ји кој во моментов е вистинскиот шеф на кинеската дипломатија, како највисок функционер за надворешни работи во Комунистичката партија. Ванг, кој во моментов престојува на самитот на БРИКС во Јужноафриканската Република“, ја извршуваше должноста од 2013 до 2022 година.

Отсуството на Чин Ганг поттикна бројни нагаѓања на социјалните мрежи, па така се споменува наводна негова вонбрачна врска со водителка на хонгконшка телевизија со којашто се запознал додека беше амбасадор во САД.