![A man walks by a large wooden advertisem](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/titanik.jpg?resize=696%2C438&ssl=1)
Кинеска компанија ќе го рекреира легендарниот Титаник.
Кинеска енергетска компанија ќе изгради копија во природна големина на бродот Титаник, кој потона пред повеќе од еден век. Репликата ќе биде дел од тематскиот парк во провинцијата Сечуан. Бродот што ќе биде изграден, ќе биде егзактна копија на оригиналот на „неуништливиот“ патнички брод.
Малку познатата кинеска енергетска компанија Seven Star Energy Investment ќе потроши 165 милиони долари за да ја отствари целта.
Изградбата на бродот, долг 270 метри, ќе биде завршена за две години.
Титаник се удрил во санта мраз во Северниот Атлантски Океан во 1912 година, при што загинале повеќе од 1.500 лица.
Новинската агенција Ксинхуа јави дека ќе се направи обид да се симулира атмосферата при сударот на луксузниот брод со ледениот брег. Не се дадени повеќе детали како ќе биде повторен смртоносниот судир.