Кинеските и руските челници се договориле на разговорите во понеделникот дека ќе го прошират билатералниот „Договор за добрососедски односи и пријателска соработка“.
За ова претходно во текот на двостраниот видео-самит се договорија претедателските на двете земји, Кси Џијанг и Владимир Путин, извести кинеската новинска агенција Xinhua.
„Во овој документ се врградени такви темелно договори, како што се меѓусебната поддршка во заштитата на дежавното единство и територијалната целовитост…. Таквите договори се многу значајни во современиот свет“, изјави рускиот претседател Путин во изјавата која ја цитири аганцијата ТАСС.
Русија, меѓу другото, испорачува во најнаселената земја на планетаа нафта, природен гас и јаглен. Од друга страна, Кина на својот сосед кој е најголем по површината на светот, му испорачува машини и производи за широка потрошувачка.
Двете држави, кои од страна на САД и НАТО се означени како главни непријатели под формулацијата „најголема закана за безбедноста во евртоатлантскиот регион“, многу често изразуваат слични интереси во Советот за безбедност при ОН. Сѐ почесто, исто така, и Пекинг и Москва испраќаат сигнали за цврсто стратешко партнерство, во децениските обиди на Вашингтон да испровоците судир на нивните меѓусебни интереси.