Русија испратила во нивната татковина речиси две третини од 30.000 работници од Северна Кореја кои работеле таму, додека Кина вратила повеќе од половината од севернокорејските работници но не ја прецизирала бројката, според наводите од необјавениот изештај кој Москва и Пекинг го предале во Советот за безбедност при Обединетите нации.
Извештајот на една страница, во кој увид имале во агенцијата Reuters уште во вторникот, предаден е во Советот за санкции кон Северна Кореја во согласност со резолуцијата донесена во 2017 година по серијата севернокорејски нулеарни тестови и пробни лансирања проектили, со која се бара враќање на сите севернокорејски работници до крајот на годината.
Ваквата мерка имаше цел Корејците од Северот кои работат во странство да не може да заработуваат пари за кои Западот смета дека ги зема всушност владата на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун. САД велат оти се убедени дека Пјонганг заработува речиси 500 милиони американски долари годишно од речиси 100.000 работници кои работат во странство, од кои 50.000 во Кина и 30.000 во Русија.
Советот за безбедност при ОН носеше серија санкции, секој круг поостар, кон Северна Кореја од 2006 година за да се натера оваа комунистичка земја да ги затвори своите нукеларни и ракетни програми. Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун одржаа последните половина година две дотогаш незамислив средби за да договорат денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
Резолуцијхата на ОН од декември 2017-та бара од земјите да ги пријават до комисијата за санкции при светската организација до март годинава сите севернокорејска работници кои ги вратиле назад во Северна Кореја во текот на 2018 година, „вклучително и објаснување за тоа зошто вратиле помалку од половината“.
Русија известила дека во 2018-та бројот Севернокорејци „со важечка работна дозвола се намалил од 30.023 на 11.490 луѓе“. Кина, пак, навела дека вратила „повеќе од половината од вкупниот број Севернокорејци коишто заработуваат“ на нејзината територија. Обединетите Арапски Емирати соопштиле дека вратиле 823 лице, но не откриваат уште колку Севернокорејци останале во земјата, а Полска од 451 го намалила нивниот број на 37 до крајот на минатата годинаsankciisankcii