Кина во средата соопшти дека продолжуваат разговорите со Светската здравствена организација (СЗО – WHO) за доаѓањето на посебен тим стручњаци кои би требало да го истражат потеклото на пандемијата на коронавирусот, а кој досега не добил одобрување за влез во земјата.
„Пандемијата во светот и натаму е многу сериозна и Кина прави сѐ што може за да ја запре и да ја совлада“, изјаив порпаролката на министерството за надворешни работи, Хуа Чунгинг.
Според кинеската влада, одлуката да не се одбри влегување на екипата експерти од СЗО „не е ограничена само на визите, туку и на датумот на доаѓањето и некои други поединости“.
Тимот на СЗО задолжен за за истрагата на потеклото на пандемијата на Covid-19 се упати во Кина, која ги пријави првите случаи на крајот до декември 2019 година, но сѐ уште ги нема добиено потребните одобврувања, изјави во вторникот претседателот на оваа агенција на Обединетите нации, Тедрос Аданом Гебрејезус и додаде дека е „многу разочаран“ поради тоа.
„Денеска дознавме дека кинеските службеници не ги подготвиле потребните одобрувања за доаѓање на тимот во Кина. Многу сум разочаран, бидејќи два члена на тимот веже заминаа на пат, а другите не можеа да отпатуваат во последен момент“, изјави Гебрејезус за новинарите кои истакнуваат дека станува збор „ретко остар тон“ кон Пекинг.
Портпаролката Хуа појасни дека Кина и СЗО ги продолжуваат разговорите за „точнито датум и модалитетите на посетата на групата експерти“.
Малку повеќе од една година од појавата на првите случаи на зараза со новиот коронавирус во градот Вухан во централната кинеска покраина Хубеи, десет научници кои по долгата постапка на селекција ги одбрал СЗО, треба да пристигнат во Кина и да се обидат да го открија потеклото на вирусот, како и начинот на кој се пренел на човекот.
Меѓутоа, светските медиуми истакнуваат дека станува збор за „многу чувствителна“ посета за кинеските власти кои настојуваат да отфрлат секаква одговроност за падемијата.