Кина и Тајланд ги укинуваат меѓусебните визи

Тајланд и Кина се договорија да ги укинат визите за своите државјани за да го олеснат патувањето и туризмот меѓу двете земји, изјави денеска тајландскиот министер за надворешни работи Парнпри Бахида-нукара.

Заемното откажување на визите ќе стапи во сила на 1 март, јави кинеската државна телевизија CCTV.

Договорот е потпишан за време на посетата на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Тајланд.