Кина им порача на САД да не предизвикуваат проблеми

Кина им порача на Соединетите држави дека мора да се воздржат од „разгорување  проблеми“ или заземање страна за прашањето во Јужнокинеското Море, откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен даде некои забелешки на таа тема во текот на престојот на Филипините.

Кинеската амбасада во Манила во средата соопшти дека изјавите на Блинкен „ги игнорирале фактите и неосновано ја обвиниле Кина“.

Исто така, се вели дека Блинкен повторно „ѝ се закани на Кина со таканаречените обврски од Договорот за заемна одбрана меѓу САД и Филипини“, на што Кина силно се спротивстави.

Кина и САД меѓусебно се обвинуваат за зголемување на тензиите во овој стратешки поморски првец во времето кога односите меѓу двете сили и онака се обременети по низа прашања. Пекинг ги отфрли критиките од САД дека неговите активности во Јужнокинеското Море не придонесуваат за намалување на тензиите и одржување на стабилноста.

Со децении Пекинг води спорови со неколку земји во Азиско-пацифичкиот регион за териротијалната надлежноста на редициа острови во Јужнокинеското Море, каде што се откриени значителни резерви од јаглеводороди. Кина, како и повеќе земји во регионот Јапонија, Виетнам, Филипини и Тајван, сите сојузници на САД, се спорат околу поморските граници и зоните на надлежност во водите на Јужното и на Источнокинеско Море, низ кои минуваат важни поморски правци преку кои се одвива трговија која на годишно ниво изнесува 5 билиони американски долари.

Станува збор главно за архипелазитра Сиша (Парацелските острови), Нанша (Спратли) и Гиангјанф (‘ртот Скарноро).

САД не се страна во територијалниот спор, но не го признаваат тврдењето на Кина која ја обвинуваат дека во споменатите води гради вештачки гребени и острови на кои иснталира воена опрема, и инсистриаат на своето право на „слободна пловидба“ во регионот.