Кина ќе испрати приближно 2,05 милионa долари хуманитарна помош за Појасот Газа, соопшти денеска Кинеската агенција за меѓународна развојна соработка.
Помошта, како што додадоа, ќе се состои од храна, лекови и други потреби.
Во меѓувреме, израелското Министерство за здравство под управа на Хамас соопшти дека од 7 октомври досега се убиени 7.028 Палестинци, од кои 2.913 биле деца.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека 12 камиони со вода, храна, лекови и медицински материјали поминале низ преминот Рафах меѓу Египет и Газа. Досега поминале вкупно 74 камиони, со тоа што не се пропуштаат возила со гориво. Имено, Израел е загрижен дека Хамас би можел да ги пренасочи испораките на гориво.