Кина: Избеганите крокодили се враќаат дома

Десетици крокодили кои побегнаа од фарма за размножување во Кина минатата седмица по поплавите се заробени, објавија во вторникот државните медиуми.

Повеќе од 70 од овие влекачи избегаа во близина на градот Маоминг, во провинцијата Гуангдонг на југот на земјата, искористувајќи ја поплавата што предизвика излевање на езерото по минувањето на тајфунот.

Локалните власти започнаа масовен лов на крокодилите, а државната телевизија CCTV покажа дека спасувачите користат јаже за да го извлечат крокодилот од водата.

„Сите сијамски крокодили што избегаа беа фатени, а последниот беше исфрлен на брегот ноќта на 18-ти септември“, објавија во вторник државните медиуми.

Беа објавени и снимки од десетина крокодили кои се препелкаат во калта додека вилиците им се затворени со ткаенина и јаже, а се опкружени со работници кои држат чадори.

Меѓу избеганите крокодили имало 69 возрасни и две млади единки, наведуваат медиумите.

Во Кина, крокодилите се одгледуваат поради нивната кожа и месо, а понекогаш се користат и во традиционалната медицина.

Покрај тоа што е познат по „најголемата фарма за крокодили“ во земјата, регионот погоден од поплавите е дом и на тематски парк посветен на крокодилите, според Кинеското национално радио (CNR).