Кина изгради 55-километарски мост до Хонг Конг (ВИДЕО)

Кина го изгради најдолгиот мост во светот, што ќе ги поврзува Хонг Конг, Макао и Кина.

Мостот е долг 55 километри, има шест ленти, четири тунели и четири вештачки острови.

Во изградбата на мостот кој е вреден 16,8 милијарди долари, е користен  повеќе челик од 60 Ајфелови кули.

Околу 40.000 возила дневно се очекува да го користат новиот мост, вклучително и шатл-автобусите што работат во интервали од 10 минути.