Првпат во Кина нема пријавено нови локално пренесени случаи на зараза со новиот коронавирус во нејзниот епицентар, откако земјата започна да ги бележи инфекциите на почетокот од јануари.
Националната здравствена комисија на Кина во четвртокот објави дека нема регистрирани нови случаи на зараза со Covid-19 во градот Вухан, административен центар на централната покраина Хубеи, епицентарот на појавата на коронавирусот во Кина.
Истовремено, Комисијата соопшти дека напротив е зголемен бројот на увезените случаи на зараза од странство на рекордните 34 случаи на дневно ниво. Станува збор главно за лица кои допатувале од Шпанија и Велика Британија.
Збележан е уште еден ден кога бројот на смртните случаи од патогенот е едноцифрен, односно само осум потврдени смртни исходи од инфекцијата. Со што вкупниот број смртни случаи од појавата на епидемијата кон крајот на декември достигна 3.245.
Најновите податоци објавени од комисијата, исто така, покажуваат дека драстично е намален и бројот на новозаразените. Така, во последното деноноќие се пријавени 23 нови сомнителни сличаи, со што вкупниот број заразени изнесува 80.928 лица, од кои вкупно 70.420 пациенти досега оздравеле.