Кинеската влада и тамошните корпорации ќе го прекинат работењето со американските компании кои му продаваат оружје на Тајван, соопшти во понеделникот кинеското министерство за надворешни работи, одбивајќи да даде поединости за санкциите кои може да ги влошат и онака веќе нарушените односи со САД.
Кинеската министерство за надворешни работи постојано потенцира дека „Тајванското прашање“ е едно од најчувствителните во билатералните односи меѓи САД и Кина. Пекинг ги критикува односите на другите земји со Тајван, кој го гледа како своја покраина. Кинеските власти редовно протестираат и бараат од Вашингтон цврсто придржување на политиката на „една Кина“, а Тајван го сметаат за своја одментната покраина. Кинеските власти и претходно остро ги критикуваа американските планови за вооружување на тајванската армија.
Официјалните односи меѓу централната влада во Пекинг и влсстите во Тајпеј се прекинати во 1949 година, кога силите на Куомитангот, предводени од генералот Чанг Кај-шек, поразени во граѓанската војна со Кинеската комунистичка партија, се префрлија на островот Тајван. Деловните и неформалните контакти меѓу Тајван и континентална Кина беа обновени кон крајот на 1980-те години. Од почетокот на 1990-те години, пак, двете страни почнаа да комуницираат преку невладини органиации: пекиншката Асоцијација за равој на односите преку Тајванскиот теснец и Фондацијата за размена прек теснецот во Тајпеј.
Минатата седмица Пентагон соопшти дека американскиот Стејт департмент ја одобрил продажбата на оружје кое ја барал Тајван, меѓу кои се тенковите „M1A2T Abrams“, ракетните противвоздушни системи „Stinger“, како и друга опрема за овие вооружувања во вреднос од 2,2 милијарди долари. Тајван бараше да му бидат продадени 108 тенкови со специјална модификација, 14 гасенични оклопни возила за поправка и евакуација „M88A1“, 16 теглачи, како и 300 тешки митралези, различна муниција и опрема за воената техника. Покрај тоа, одобрена е и можна продажба на повеќе од 250 комплети за системите „Stinger“ за сума поголема од 223 милиони американски долари, кои ги произведува компанијата „Raytheon“.
Кина уште во петокот предупреди дека ќе воведе санкции против компаниите кои му продаваат оружје на Тајван, но ниту тогаш не прецизираше во што ќе се состои оваа мерка. Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Генг Шуанг во понеделникот рече дека продажабата на оружјето претставува кршење на меѓународните закон, и оти е закана за суверенитетот и националната безбедност на Кина.