Кина има намера да гради центар за вештачка интелигенција на дното на Јужното Кинеско Море, на длабочина од 6.000 метри, што ќе чини 140 милиони евра.
Тимот инженери и научници, како што пренесува „Дејли мејл“, имаат целосна поддршка од кинескиот претседател Си Џинпинг.
Во длабочините на морето нема патишта, не засегаме други земји, се’ e наше, изјавил Си.
Како најверојатна локација за проектот се споменува морската вдлабнатина Манила, близу Филипините.