Раководството на Комунистичката партија на Кина планира следните месеци да ги намали исплатите на менаџерите на најголемите државни компании, објави „Волстрит џурнл“ повикувајќи се на разузнавачки извори, пишува МИА.
Весникот наведува дека максималната плата на раководителите на државните компании може да биде десет просечни плати во фирмата, при што таа сума во голема мерка зависи од резултатите на работење на компанијата во конкретната година. Кинеските највисоки раководители можат да бидат и лишени и од бонусите како што се членство во голф и фитнес клубовите на сметка на компанијата, бесплатното лекување и друго.
Со промените ќе бидат опфатени претседателите на управните одбори, извршните директори, претседателите и нивните заменици во околу сто државни компании.
Слична шема се планира и за раководителуте на помалите компании кои се под контрола на регионалните власти.