По веста дека кинеските рафинерии се срамежливи во однос на купување нова нафта од Русија за месец мај, бидејќи не сакаат да бидат видени како јавно купуваат поради санкциите против Москва кои ги наметна Западот, Кина сепак, купила руска енергија, но во сопствената валута јуан. Ретко во историјата е познато Кинезите да плаќаат во јуани за нафта и јаглен, а целта е да се зајакне домашната валута, пишува БизнисИнсајдер.
Експертите шпекулираат дека Кина ќе се обиде да го смени статус-квото на доларот со уште поагресивно туркање на јуанот на светската сцена. Земјата разговараше со Саудиска Арабија за договор за нафта базиран целосно на јуани. Според некои анализи, јуанот има аспирации да стане новата резервна валута наместо доларот.
Но, освен Кина и други земји размислуваат за директни аранжмани со Русија во сопствените валути. На пример, индиската и руската влада одржаа разговори за враќање на директното тргување рупија со рубљата за прв пат по Студената војна.
Купувањето во јуани веројатно предизвика дополнителен пад на доларот во однос на рубљата на денешната берза. Сега за 76, наместо за 80 рубљи може да купите еден долар.
Ембаргото за руски јаглен кое Европската Унија денеска го донесе, заедно со забраната за руски бродови на европските пристаништа влијаат на светските пазари. Ефективноста на санкциите на Западот против Русија функционираше како повик за будење за земјите кои сакаат да ја намалат нивната зависност од доларот, вели економистот Александар Томиќ за Инсајдер.
Сепак, доминацијата на доларот уште е тука. Зелената банкнота сочинуваше скоро 90 отсто од девизните трансакции во 2019 година, во споредба со нешто повеќе од 4 отсто за јуанот, според Банката за меѓународни порамнувања.