![Kina onlajn prodavnica](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Kina-onlajn-prodavnica.webp?resize=696%2C392&ssl=1)
Извозот изразен во долари е зголемен за 10,7 отсто во декември лани, во однос на истиот месец во 2023 година. Во ноември минатата година е зголемен за 6,7 отсто, а увозот, пак, се зголеми за еден процент и е најголем од ланскиот јули.
Во последниот месец од минатата година Кина забележа суфицит во трговската размена со светот од 104,8 милијарди долари, за 7,6 отсто повеќе отколку во декември 2023 година.
Суфицитот во трговијата со САД се зголеми за 12,4 отсто и достигна 33,5 милијарди долари.
Во целата мината година извозот изразен во јуани се зголеми за 7,1 отсто, на 25,45 билиони јуани, наведува Глобал тајмс, според податоците од царинската управа. Увозот се зголеми за само 2,3 отсто, на 18,39 трилиони јуани. Вкупната вредност на кинеската трговија со светот се зголеми за 5 отсто минатата година на 43,85 билиони јуани (5,98 трилиони долари), достигнувајќи ново највисоко ниво откако царинската управа почна да објавува податоци.
-Зголемувањето на трговската вредност во 2024 година, од 2,1 трилиони јуани, одговара на годишниот обем на трговска размена на една средна економија, рече на прес-конференција Ванг Линџун, заменик-шеф на царинската управа.
Извозот на електрични возила скокнал за 13,1 отсто, а на 3Д принтери за 32,8 отсто, покажуваат податоците на царината. Испораките на индустриски роботи пораснаа уште посилно, за 45,2 отсто.