Во кинеските рудници, кои важат за најнебезбедни во светот, во текот на минатата година, загинале 1.049 лица, покажуваат податоците на властите кои што искануваат дека таа бројка е за 24 отсто помала во однос на 2012-та година.
„Безбедноста во рудниците и понатаму се подобрува“, наведуваат од кинеската Влада на својата мрежна станица, изразувајќи задоволство од мерките кои што ги спроведе Државната канцеларија за безбедност при работа.
Угледот на рударскиот сектор во Кина, која троши околу една половина од јагленот произведен во светот, е нарушен поради необрнувањето доволно внимание на полето на безбедноста и корупцијата.
Во текот на 2012-та година во кинеските копови загинаа 1.384 лица, што е значително помалку во однос на 1.973 лица колку што загинаа во 2011-та година.