Кина во понеделникот успешно лансираше сателит кој овозможува комуникација меѓу Земјата и сондата којашто во текот на годината ќе пристигне до невидливата странана Месечината.
Ракетата со сателитот репетитор „Чјуетцјао со помош на ракетата носач „Чанжен-4-си“ беше лансиран од космодромот Сичанг во југозападната провинција Сичуаб. Според извештајот на Кинеската национална вселенска управа (CNSA), уредот ќе биде коритен за обезбедувње комуникација со автоматската меѓупланетарна сраница „Чанге-4“, при нејзиното претстојно слетување на невдливата од Земјата страна на Месечината.
„Ова лансирање е клучниот чекор за Кина да ја оствари својата цел, да биде првата земја којашто ќе испрати сона на невидливата страна на Месечината“, изјавил за агенцијата Xinhua шефот на проектот Жанг Лихуа.
Околу 25 минути по лансирањето на сателитот се одвоил од ракетата и на пат кон целта го раширил соларните панели и комуникациски антените.
Сателитот ќе биде во орбитата меѓу Земјата и Месечината и неговата позиција ќе биде 64.000 километри од невидливата страна на Месечината, којашто до Земјата никогаш не се гледа и која се нарекува „темната страна“ и досега во голема мера е неистражена.
Тоа би можело да се промени годинава, бидејќи Кина планира во Вселената да ја лансира и роботската сонда „Чанг’р-4“, наречена по кинеската божица на Месечината. Сателитот ќе биде позициониран така што ќе овозможи комуникација со научниците во центарот, додека роботот ќе ги фотографира темните пределни на Месечината.