Кина: Локален функционер се самоуби поради морална одговорност

Локален кинески функционер се самоуби само неколку дена по големата несреќа со лизгање на земишјте во градот, кога загинаа десетици луѓе и беше предизвикана голема материјална штета.

Полицијата соопшти дека човекот скокнал од прозорецот на својот стан во една од повеќекатниците во градот.

Станува збор за поранешен директор на градското Биро за урбанизам и се верува дека тој дозволил да се градат станбени згради на земјиште кое се покажа дека е нестабилно и кое по обилните дождови на почетокот од овој месец се „придвижи“ предизвикувајќи ја големата несреќа.

Свлечиштето на 20 декемврии предизвика уривање на 20 станбени згради во кои беа затрупани повеќе од 70 лица. Полицијата стравува дека бројот на затрпаните е многу поголем.

Истрагата за оваа голема несреќа е во тек.

Самоубиството на локалниот функционер во Шенжен е трет таков случај годинава. Во текот на викендов се самоуби сопственикот на рудникот во кој недамна загинаа десетина рудари, а претходно, самоубиство изврши и функционер во градот Тјанџин, каде во експлозијата во тамошната фабрика загинаа 173 лица.