Кина има единствена можност да ја поттикне енергетската револуција во Африка, но прво мора да надмине повеќе од две децении заостанати инвестиции во зелена енергија на континентот. Ова го покажува анализата на Универзитетот во Бостон, цитирана од „Reuters“.
Кина е најголемиот трговски партнер за повеќето африкански земји од почетокот на новиот век. Досега Пекинг има инвестирано милијарди долари во големи инфраструктурни проекти на континентот.
Пред три години, кинескиот претседател Си Џинпинг беше категоричен дека неговата земја повеќе нема да инвестира во изградба на електрани на јаглен во странство за да промовира еколошки мерки и развој на енергија со ниска содржина на јаглерод. Сепак, досега кинескиот бизнис не го направи овој чекор и инвестициите во зелената транзиција се малку, иако Африка има одличен потенцијал за развој на овој сектор.
Во периодот 2000 – 2022 година, Кина инвестираше 52 милијарди долари во форма на заеми за енергетски проекти во Африка. Од нив, само 2% се наменети за соларна и ветерна енергија. Главниот фокус на кинеските инвестиции е ископ на минерали и нивен извоз во Кина, како и регионални проекти за електрификација.
Дури и инвестицијата на кинеската развојна банка „Export-Import Bank of China“ во изградбата на осум хидроцентрали е всушност поврзана со екстракција на метали и нивен извоз во Кина.
Во 2022-ра година, околу 75 отсто од електричната енергија во Африка ќе се произведува од фосилни горива, истакнува и „Reuters“.