Кина му нуди соработка на Бајден и предупредува на нов макартизам

Шефот на кинеската дипломатија му понуди во петокот соработка во клучните приоритети на новизбраниот американски претседател Џо Бајден, предупредувајќи дека многуте американски критичари на Кина ја создале армосферата на нов „макартизам“ игнорирајќи ги заедничките интереси.

Критикувајќи го агресивниот пристап на американскиот претседател Доналд Трамп, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изрази надеж во враќањето на дијалогот и „меѓусебната доверба“ на двете најголеми светски економии, откако Џо Бајден ќе ја преземе должноста на 20-ти јануари.

„Важно е американската политика кон Кина да се врати на објективноста и на разумот што поскоро“, изјави Ванг во теле-конференциското обраќање на Азиското здружение чие седиште е во Њујорк.

Ванг додаде дека Кина видела „простор за соработка“ со Бајден по прашањата на три од четирите проблеми кои идниот претседател на САД ги препознал како приоритети: коронавирусот, економското закрепнување и климатските промени. Четвртиот приорите кој инаку го наведе Бајден беше расната рамноправност.

Во врска со пандемијата на коронавирусот, Ванг рече дека Пекинг и Вашингтон може да соработуваат во производстото на вакцини и помагањето на другите земји.

„Се надеваме дека ќе ја прошириме соработката и преку дијалог ќе ги надминеме разликите“, рече Ванг.

Администрацијата на Доналд Трамп, откако не успеа во реализацијата на дамнешниот американски концепт за спротиставување на Пекинг на Москва, започна чекорите кои ги оправдувањше дека децениските интеракции на САД со Кина не дале резултат, обвинувајќи ја кинеската страна за кражба на интелектуална сопственост, шпионажа и притисоци врз други земја преки своите инфраструктурни проекти.

Последните месеци американскиот државен секретар Мајк Помпео ги затвори програмите за размена на Американци кои биле финансирани од Кина и ги заостри визните прописи за кинеските студенти, како и за видните членови на владејачката Комунистичка партија и нивните семејства, што може да влијае на стотина милиони лица.

„Гледаме повторна појава на макартизам кој ги загрозува нормалните меѓународни размени“, рече Ванг алудирајќи на „ловот на вештерки“ на комунистите во САД по Втората светска војна, на чие чело беше претседателот на конгресниот комитет, републиканскиот сенатор Џон Меккарти.

Ванг ги обвини но не ги именуваше одредени американски функционери за „неодговорната пресумпција на нево=иност и емотивно нафрлување“.

„Игнорираат многу заеднички интереси како и просторот за соработка меѓу двете земји и инсистираат на тоа дека Кина е главната закана. Ова е погрешно запетлување на облеката. Уште на почетокот накриво ги поставија работите“, рече Ванг.