Кина на самитот со ЕУ одби да заземе страна во војната во Украина

Пекинг се противи на заземањето страни во судирот меѓу Русија и Украина, им порача повторно во петокот на функционерите на Европската унија кинескиот премиер Ли Кечијанг.

„Ли им кажа на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен преку видео-врска дека Кина е против поделбата на блокови и заземањето страни“, рекол кинески дипломат.

Кинескиот премиер одговарал на барањето на Европската унија на самитот ЕУ-Кина, Пекинг да го искористи своето влијание врз Москва и да помогне да запре судирот во Украина.

„Кина и ЕУ имаат заемна одговорност да го искористат своето заедничко влијание и дипломатијата да стават крај на руската војна во Украина“, навед Мишел на Twitter во текот на паузата во разговорите.

Ли Кечијанг им рекол на челниците на ЕУ дека Кина заговара миривно преговори во Украина „на свој начин“, изавести кинеската јавна телевизија CCTV. Повторил дека Пекинг се залага за зачувување на меѓународното право и меѓународните нори, вклучително и територијалните интегритети на сите земји.

Челниците на ЕУ и Кина во петокот го одржаа првиот самит во двете години, а Брисел врши притисок врз Пекинг да гарантира дека нема на Русија да ѝ испорачува оружје, што и не се случило досега ниту било побарано од руската страна, ниту дека на Москва ќе ѝ поамга да ги заобиколува последните западнни санкци наметната со изговор за војната во Украина.