Кина не сака трговска војна со САД, но ќе ги брани своите интереси, изјави во неделата висок кинески дипломат откако американскиот претседател Доналд Трамп го објави планот за воведување на церини на увоз на челик и алуминиум.
Во петокот американскиот претседател Доналд Трамп порача дека трговските војни се добри и дека лесно може да се добијат, ден откако соопшти дека има намера да воведе цери од 25 отсто на увозот на челик и од 10 проценти на увозот на производи од алуминиум.
Трговските тензии меѓу двете светски најголеми економии пораснаа по преземањето на должноста на Трамп за американски претседател во јануари 2017 година. На Кина отпаѓа само мал дел од американскиот увоз на челик, но индустриската експанзија на оваа земја предизвика пад на цените на челикот на светските пазари.
Преговорите и заемното отворање на пазарите се најдобриот начин за решавање на трговските тензии, изјави заменикот во кинеското министерство за надворешни работи Жанг Јесуи на брифинг со новинарите во пресрет на годишниот секинески народен конгрес.
„Кина не сака да води трговска војна со САД, но сигурно нема мирно да седи и да набљудува ко се загрозуваат кинеските интереси. Доколку политиката се темели на погрешни одлуки или претпоставки, тоа ќе им наштети на билатералните односи и ќе предизвика последици кои ниедна земја не сака да ги види“, порача Жанг.
Трамп е убеден дека царините ќе ги заштитат американските работни места, но некои економисти велат дека влијанието од зголемувањето на цените за потрошувачите на челикот и алуминиумот во САД ќе уништи повеќе работни места, отколку што ќе создаде.
И покрај тоа, сепак, сѐ е посилен кон сензусот на републиканците и демократите во Вашингтон, како и поддршката на американската деловна заедница за потезите на администрацијата на претседателот Трамп, со коишто ќе се одговори на она што се доживува како граблива индустриска политика на Кина и на пазарните пречки за работењето на странските компании на кинескиот пазар.
Трамп уште од предизборната кампања трага за поурамнотежени трговски односи со Кина и ги разгледува потенцијалните трговски санкции против Пекинг во рамките на истрагата за кинескиот однос кон интелектуалната сопственост и поради кинеските притисоци врз странските компании да ја трансферираат технологијата. Неговата администрација соопшти дека САД згрешиле кога го поддржале кинеското членство во Светската трговска организација во 2001 година под услови кои не се успеале да ги принудат Пекинг да ја отвори својата економија.
Извори во дипломатијата и американската деловна заедница велат дека САД сториле сѐ освен што сѐ уште не го замрзнал формалниот механизам за трговските спорови со Кина, бидејќи не се задоволни што Пекинг не успеал да го исполни ветувањето за ублажување на ограничувањата за пристапот на странските компании до кинескиот пазар.