Кинеското министерство за надворешни работи соопшти во средата дека канцелариите отворени во Холандија не се полициски станици, туку центри за помош за кинеските граѓани во обновување на документите, ден откако холандската владата во текот на истрагата за нивните активности нареди да бидат затворени.
Холандската влада најави минатата седмица дека ќе истражи дали канцелариите работеле легално во интерес на властите во Пекинг, по извештајот на RTL Nieuws и интернет порталот Follow The Money дека два такви центра извршувале функции, вклучително и далечинско обновување на возачите дозволи на кинеските граѓани, без официјален дипломатски статус.
Случајот следеше по обвинувањата, коишто кинеската амбасада во Хаг ги отфрли, дека една од канцелариите, исто така, малтретирала кинески дисидент кој живеел во Холандија.
Во вторникот холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра објави на Twitter дека „имајќи предвид дека од Холандија не е барана дозвола“ за отворање на тие канцеларии, холандското министерство за надворешни работи го известило кинескиот амбасадор дека тие мора да бидат затворени.
На прашањето за холандската истрага и дали Кина ја известила Холандија за канцелариите, портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Жао Лиџијанг ги отфрли обвинувањата.
„Организациите кои ги споменавте не се полициски станици или полициски сервисни центри. Нивните активности се помагање на локалните кинески граѓани кои треба да поднесат барање за истекување на возачките дозволи преку интернет. Персоналот на волонтерската служба се ентузијасти Кинези од странство, а не кинески полицајци. Се надеваме дека тие страни не изнесуваат неразумни тврдења“, изјави Жао на редовниот брифинг во Пекинг во средата.
Властите во Германија, исто така, истражуваат дали Кина има нелегална екстериторијална полициска станица во Франкфурт, како што беше соопштени минатата седмица во Берлин.
Целта на германската истрага била да се проверат извештаите на шпанската активистичка група Safeguard Defenders, којашто објави дека наводни Кина воспоставила непријавени полициски канцеларии во 30 земји, вклучително и Германија, според германското министерство за надворешни работи.
Во октомври маж кој протестирал пред кинескиот конзулат во северниот англиски град Манчестер, изјави дека маскирани луѓе го одвлекле во дворот. Кина ги отфрли извештаите за настани во текот на протести против претседателот Кси Џинпинг, наведувајќи дека демонстрантите упаднале на нејзината територија.