
Кина нема да учествува на мировната конференција за Украина што во јуни ќе се одржи во Швајцарија, поради тоа што нема да присуствуваат руски и украински претставници, јавија американските медиуми.
Според неименувани извори Кина ги информирала дипломатите дека не биле исполнети условите за учество на Пекинг – признавање на конференцијата од страна на Русија и на Украина, еднакво учество на сите страни и фер дискусија за сите предлози.
Мировната конференција за Украина треба да се одржи на 15 и 16 јуни во Берн, а Русија не е поканета.