![tjenicn](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/tjenicn.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Уште една силна експлозија во складиште во кинеското пристаниште Тјенцин, каде пред само два месеца дојде до силна експлозија во која загинаа 165 луѓе.
Кинеската агенција Синхуа јави дека до експлозијата дошло во складиште за алкохол и други хемикалии, по што избил пожар.
Во инцидентот засега нема жртви, објавено е на сајтот на градските власти во Тјенцин.
Во складиштето се наоѓале 3.000 литри алкохол и 1.000 литри оцетна киселина, која се користи во производство на пластика и во фармацевтската индустрија.
Споменатото складиште со површина од 700 метри квадратни, илегално го најми една компанија регистрирана во блиската провинција Хебеи.