Кина одобри тестирање на потенцијалната вакцина против коронавирус на луѓе, објави локалната власт во југозападниот град Ченгду денеска.
Земјата се наоѓа среде глобалната трка за развој на вакцина, а со цел запирање на пандемијата од Ковид-19.
Користењето на инсекти за развој на протеин потребен за вакцината против коронавирус кое е прво во Кина, би можело да го забрза производството на големо.
Вакцината која ја произвела една болница во Западна Кина е одобрена од Националната управа за медицински производи, а за истата да влезе во фаза на клиничко испитување, стои во објавата.
Тестирањето извршено на мајмуни покажало дека вакцината ја превенира SARS-CoV-2 заразата без видливи негативни појави.
Кинеските научници веќе водат истражувања барем на уште осум потенцијални вакцини против коронавирусот кои се наоѓаат во разни стадиуми на клиничко испитување.