Кина планира да лансира сонди на Месечината и на Марс

сонди

Во планот за вселенските мисии објавен од Канцеларијата за информации на Кина, наречен „Бела книга“ се предвидува до 2020 да биде лансирана и сонда на Марс. Стратегијата за наредните пет години е „да се истражи огромната вселена, да се развие вселенската индустрија и Кина да се развие во вселенска сила“, стои во програмата.

Во документот уште се истакнува дека намерата на земјата е искористување на вселената во мирољубиви цели и за гаранција на националната безбедност, како и спроведување најсовремени научни истражувања.