Кина почнува со тестирање на носачот на авиони од следната генерација

Кина во средата започна со тестирања на море на својот трет и најнапреден носач на авиони наречен „Fujian“, објавија државните медиуми. Почетокот на тестирањето доаѓа речиси две години откако носачот на авиони беше првпат претставен во јуни 2022 година.

Носачот „Fujian“, кој е целосно дизајниран и изграден во кинеските погони, е поголем и понапреден од „Shandong“, кој беше ставен во функција кон крајот на 2019 година и „Liaoning“, кој само како скелет останат од советската ера Кина го купи половно од Украина во 1998 година.

Развојот на „Fujian“ е дел од стратегијата на кинескиот претседател Кси Џинпинг да ја направи Кина истакната воена сила во регионот, со морнарица способна да ја демонстрира и проектира моќта далеку од кинескиот брег.

Носачот „„Fujian““, кој има напреден систем за млазни борбени авиони, го носи името на кинеската провинција Фуџијан која е расположена на брегот на континентала Кина наспроти островот Тајван, кој Пекинг го смета за своја одметната покраина а кој ја има воената и политичка поддршка на САД.

Носачот беше стациониран во бродоградилиштето Џиангнан во Шангај, каде што беше подложен на тестови. CCTV објави дека бродот „Fujian“ испловил нешто по 8 часот наутро во средата. Пробите направен на отворено море се последниот чекор пред кинеската воемна морнарица да почне да го користи носачот на авиони.

Овој процес се очекува да трае до една година. Носачот „Shandong“ мина девет испитувања на моред пред да биде ставен во функција.