Кина е подготвена да работи со меѓународната заедница во поттикнувањето на мирното обновивање на земјата разорена со речиси тридецениските војни, подобрувањето на животните услови и можноста за саморазвој на Авганистан, изјави во четвртокот Гао Фанг, портпарол на кинеското министерство за трговија.
Гао, исто така, додаде дека до крајот на 2020 година, трговијата меѓу Кина и Авганистан достигнала вкупно вредност од 550 милиони американски долари, додека за првата половина од 2021 година трговската размена меѓу двете земји се зголемила за 44 отсто и изнесува 310 милиони долари.
Според податоците од Генералната управа во Пекинг, трговијата меѓу Кина и Авганистан во периодот од јануари – јули за 24,2 отсто на годишно ниво, на 351,34 милиони американски долари. Притоа, кинескиот извоз се зголемил за 20 отсто на 326,49 милини долари, додека увозот на авганистански производи се зголемил за 133,2 отсто на 24,85 милиони долари.
„Ја поддржуваме мирната реконструкција на Авганистан и подготвени сме да ги здружиме силите со меѓународната заедница за да ги подобриме можностите за независен развој на оваа земја“, истакна портпаролот Гао на редовниот брифинг во министерството трговија.
Додаде дека кинеската влада е заинтересирана за подобрување на благосостојбата на Авганистанците.