Кина подготвува закон за ограничување на технологијата за препознавање лица

Кинеското регулаторно тело за кибернетичкиот простор (CAC) во вторникот објави предлог-закон за надзор на безбедносното управување со технологијата за препознавање лица, откако тамошната јавноста искажа зариженост поради прекумерното употребување на оваа технологија.

Кинескиот регулатор соопшти дека технологијата за препозанвање на ликовите може да се користи за обработка на податоци за лицето во случај само доколку постои одредена цел и доволна потреба, како и со строги мерки на заштита. За користење на оваа технологија, исто така, ќе биде неопходна и согласност од поединецот, се додава во соопштенеито на CAC.

Регулаторот, исто така, додава дека биометриските решенија за идентификација не би требало да имаат предноста пред препознавањето на ликот во случаи во коишто тие методи се подеднакво ефикасни.

Биометриската идентификација, особено препознавањето на ликот, е доста раширена во Кина. Медиумите уште во 2020 година известуваа дека препознавањето на лицето е користено дури и за активирање на дозерот за тоалетна хартија во јавните тоалети, што тогаш предизвика зариженост кај јавноста но и на регулаторите.

Многу судови од тогаш пресудуваа против користењето на оваа технологија и казнуваа бројно компании поради прекумерното користење на технологиите за препознавањето на ликот, пишува весникот на англиски јазик South China Morning Post.

Предлог-законот на CAC забранува уредите за снимање слики и за лична идентификација да се поставуваат во хотелски соби, јавни бањи, соблекувални, тоалети и други места на коишто може да ја нарушат туѓата приватност. Регулаторот додава и дека уредите за снимање слики би требало да бидат инсталирани на јавните места само со цел за јавна безбедност и со истакнати ознаки за предупредување покрај нив.

Овој предлог следеше откако Кина во 2021 година го воведе својот прв закон за чување на приваноста на корисниците со цел да се заузди прекумерната употреба на корисничките податоци во компаниите.