Кинеската амбасада во САД во четвртокот соопшти дека политизирањето на прашањето за настанувањето на коронавирусот SARS-CoV-2 и за од него почната пандемија на коронавирусната болест Covid-19 ја закочува истрагата, неколку часа откако американскиот претедател Џо Бајден изјави дека американската разнавачка заедница е поделена околу тоа како и каде се појавил вирусот.
Додека Светската здравствена организација (СЗО – WHO) се подготвува за почетокот на втората фаза од истрагата за потеклото на Covid-19, Кина е ставена под притисок на меѓународните истражувачи да им овозможи поголем пристап, по неколкуте неодамнешни извештаи на американското разузнавање кои сугерираат дека SARS-CoV-2 „побегнал“ од лабораторијата специјализирана за истражување на коронавирусот во градот Вухан, како и дека наводно тројца научници од Институтот за вирологија во Вухан (WIV) бил хоспитализрани со симптоми на Covid-19 неколку месеци пред Кина да извести за епидемијата.
Официјален Пекинг повеќепати негираше дека споменатата лабораторија во Вухан е одговорна за разгорувањето на пандемијата, и одговори дека САД и другите западни земји на тој начин се обидуваат да го свртат вниманието од сопствените неуспеси во сузбивањето на вирусот.
Кинеската амбасада во Вашингтон во четвртокот соопшти дека „некои политички сили се фиксирани на политичката манипулација и барањето виновник“. Кина поддржува „сеопфатно истражување на сите рани случаи на Covid-19 пронајдени ширум светот и темелна истрага на некои тајни бази и биолошки лаборатории во целиот свет“, се истакнува во соопштението на амбасадата.
„Многу јасно се обидуваат да го интернационализираат својот пат од застојот во кој се наоѓаат“, вели Reuters Џејми Метцл, вранотени во „Atlantic Council“, кој ја водеше кампањата за новата независна истрага.
Заедничкото истражување на Кина и СЗО објавено во март годината почажа дека е малку веројатно дека SARS-CoV-2 истекол од лабораторија, и оти најверојатно се проширил од лилјаци на луѓето преку сѐ уште неидентификуван посреднички животински вид.
Кина, исто така, продолжи да укажува на можноста Covid-19 да потекнува од друга земја, како и дека влегол во земјата преку заразена смрзната храна или преку трговските мрежи за диви животни во југоисточна Кина.
Весникот на англиски јазик The Global Times, кој е дел од медумската групација на Народен весник (People’s Daily) на владејачката Комунистичка партија, известува дека доколку се сака дополнително да се истражи „теоријата за протекување од лабораториа“, САД би требало да ги пуштат истражителите и во сопствените објекти.
„Пандемијата започна во Кина. Да почнеме со целосна истрага таму и според потребата да се шириме. Накусо, ова соопштение на амбасадата претставува невидена наврдда за секое лице кое починало од оваа страшна трагедија и за нивните семејства“, оценува Метцл.