Пријателството на Кина и Русија е „цврсто како карпа“ порача во понеделникот кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји истовремено најавувајќи дека кинескиот Црвен крст „што е поскоро можно“ ќе достави хуманитарна помош во Украина.
Кина ги одбива западните инсистирања, особено од САД, да ја осуди руската воена операција во Украина и да ја нарече инвазија. Пекинг притоа од Западот бара да ги уважи „легитимните безбедносни барања“ на Русија за неширење на НАТО на нејзините граници и повлекување на стратешкото оружје и странски трупи од соседните земји.
„Украинската ситуација е сложена и не се случи преку ноќ. Решавањето на сложените проблеми бара смиреност и разум, а не долевање масло на огнот“, изјави Ванг на прес-конференцијата во текот на заседавањато на Секинеското народно собрание.
Пријателството со Русија, како што истакна Ванг, е „извонредно цврсто“ а изгледите за соработка се „одлични“.
„Без оглед на тоа колку злокобна е меѓународната ситауција, Кина и Русија ќе ја одржат својата стратешка решителност и незаприливо ќе заговараат сеопфатно стратешко партнерство на координирање во новата ера“, порача Ванг.
Додаде дека Кина веќе спровела „одредена работа“ на поттикнување мировни преговори и цело време била во контакт со сите страни.
„Кина има волја да продолжи да игра конструктивна улога во поттикнувањето на мириот и промовирањето на преговорите, и е подготвена да соработува со меѓународната заедница за да посредува кога тоа е потребно“, рече Ванг.
Кина е изложена на сѐ погласни повици да се ангажира во решавањето на украинската криза, првенствено да влијае врз Русија. Австралискиот премиер Скот Морисон, ја повика во понеделникот Кина да „им се придружи на глобалните напори за запирање на руската иванзаја врз Уркаина“, бидејќи мисли дека нема земја којашто ќе има поголемо влијание од Кина врз крајот на војната на истокот на Европа.
„Кина долго тврди дека како една од најголемите сили во светот треба да проденесува кон глобалниот мир и стабилноста. Нема земја којашто ќе има поголемо влијание врз завршувањето на оваа ужасна војна во Украина од Кина“, изјави Морисон во говорот во Институтот Лоуви во Сиднеј.
Морисон, чијашто влада се судри со својот најголеми извозен трговски партнер по низа прашања, сега вели дека е „запрепастен од воздражаноста“ на Кина.
„Го слушав гласот на кинеската влада кога станува збор за осудата на руските дејствија и владееше застрашувачка тишина“, рече австралискиот премиер.