Кина сподели најмногу информации за коронавирусната болест ковид-19 и резултатите од истражувањето со меѓународната заедница, соопшти нејзиното Министерство за здравство, откако Светската здравствена организација (СЗО – WHO) го обнови своето барање за повеќе информации и поголем пристап.
„Кина, исто така, беше единствената што организираше експерти кои со СЗО споделуваат податоци за напредкот во следливоста во многу прилики“, рече Мао Нинг, портпарол на Министерството за надворешни работи, на редовната прес-конференција.
Во соопштението во понеделникот, СЗО повторно побара од Кина да сподели податоци и да обезбеди пристап за да се сфати потеклото на ковид-19, чии први случаи беа откриени во централна Кина пред пет години.
Според СЗО, ширум светот се регистрирани над 760 милиони случаи на ковид-19 и 6,9 милиони смртни случаи. Кон средината на 2023 година ја проглси ковид-19 за глобална здравствена криза, но рече дека болеста треба да биде траен потсетник за потенцијалот за појава на нови вируси со катастрофални последици.
Податоците од првите денови на пандемијата беа префрлени од кинески научници во меѓународна база на податоци на почетокот од 2023 година, неколку месеци откако Кина ги укина сите свои ограничувања поврзани со ковид-19 и повторно ги отвори своите граници за остатокот од светот.
Податоците покажаа дека ДНК од повеќе животински видови – вклучително и ракунски песови – била присутна во примероците од животната средина кои биле позитивни на коронавирусот SARS-CoV-2, вирусот што предизвикува ковид-19, што сугерира дека тие се „најверојатните носители“ на болеста, според тим од меѓународни истражувачи.
Во 2021 година, тим предводен од СЗО помина неколку седмици во и околината на Вухан, каде што беа откриени првите случаи, и рече дека вирусот најверојатно се пренесувал од лилјаци на луѓе преку друго животно, но дека потребни се дополнителни истражувања.
Кина одговори дека не се потребни повеќе посети и дека потрагата по првите случаи треба да се спроведе во други земји во кои имаше индиции.
„Во однос на следливоста на ковид-19, Кина сподели најмногу податоци и резултати од истражувањето и даде најголем придонес во глобалното истражување за следливост“, рече Мао.
„Меѓународните експерти на СЗО повеќепати рекоа дека за време на нивната посета на Кина отишле на сите места на коишто сакале и се сретнале со сите луѓе што сакале да ги видат“, додаде тој.