Кина порача во ОН дека светот „нема ништо да добие“ со нова Студена војна

Кинескиот амбасадор при Обединетите нации, Жанг Јун, порача во понеделникот на итната седница на Генералното собрание при светската организација посветена на војната во Украина, дека светот нема да добие ништо со нова Студена војна.

„Студената војна е одамна завршена. Мора да биде напуштен начинот на размислување од таа ера за блоковски судр“, рече амбасадорот Жанг од говорницата на Генералното собрание, истакнувајќи дека „сите ќе загубат“ со враќањето на таквата политика.

Русија од понеделникот е ставена на „обвинителната клупа“ на Генералното собрание на ОН на „исклучително итната седница“ на нејзини 191 членка кој треан да се одредат кон руската воена операција во Украина, а западните земји лобираат таа да биде персонализирана во рускиот претседател Владимир Путин во настојувањата да предизвикаат масовен револт во Русија против неговите политика.

Кина којашто не сака воопшто да се придружи на осудите на Русија повика во понеделникот на смирување на ситуацијата преку портпаролот на министерството за надворешни работи Ванг Венбин, кој ги повика „завојуваните страни (речник кој го користи Западот кога станува збор за вмешаност на некоја земја сојузник) да останат смирени и да бидат воздржани за да се спречи нова ескалација“.

Кинеската дипломатија од избувнувањето на кризата и судирите околу Украина вешто балансира меѓу политичката блискост со Москва и својата традиционална одбрана на „сувереноста и територијалната целост“ на државите. Но притоа треба да се има предвид дека Пекинг таквата фраза ја користи алудирајќи на правото што го полага врз островот Тајван, што го смета за своја одметната покраина а чиј заштитник се САД.

Пекинг во петокот се воздржа при гласањето во Советот за безбедност на ОН по американско-албанската резолуција со којашто се осудудава „руската агресија“. Кина не зборува директно за „руска инвазија“ и вели дека „има разбирање“ за руските барања за безбедноста коишто ги оценува за „разумни“ застанувајќи на страната на Русија во однос на нејзините безбедносни барања од НАТО.