Кина поттикна експлозија на нарачки на полуспроводнички компоненти

Кинеската најава за контрола на извозот на глаиум поттикна експлозија на нарачките на полуспроводнички плички, објави во германската компанија „Freiberger Compound Metals“, најголемиот купувач на овој мета во светот.

Компанијата „Freiberger Compound Metals“ го набавува галиумот за производство на плочкички кои се важни за засилувачите на радиските сигнали од мобилните телефони и за оптичката електроника, речиси исклучиво од Кина.

Според некои процени, компанијата годишно троши неколку десетици тони галиуми, што одговара на 10 отсто од светското производство, и е затрупана со бран нарачки по ненајдејната објава на Кина дека од 1-ви август строго ќе го контролира извозот на производите од галиум и германиум.

Таквата одлука на Пекинг, всушност, е одоговор на одлуката на САД, којашто ја следеа Јапонија и Холандија, да го ограничат и строго контролираат извозот на технологија за производство на чипови во Кина. А за производство на тие чипови, пак, потребни се полуспроводници од ретки метали и минерали од кои големи ресурси има во Кина.

„Моите клиенти се вознемирен. Сакаат да ги наполнат скалдиштата па нарачките експлодираа. Секторот е на работ“, вели за Reuters Михаел Харц, извршен директор на „Freiberger Compound Metals“ .

Со намалувањето на цените, кинеските извозници во изминатите десетина години ги истиснаа од пазарот повеќето конкуренти. Галиумовот арсенид нашироко се користи и во производството на црвени лед-диоди и сензори.

Годишните пригоди на „Freiberger Compound Metals“ .се движат во распонот од 70 до милијарди евра. Ома 65 отсто удел во глобалниот пазар на плочките од галиум- арсенид, а конкуренти му се јапонската „Sumitomo Electric“ и низа помали кинески производители.

Групацијата влече корени од државната фабрика на електронија во поранешна комунистичка Источна Германија, а во моментов има залихи од галиум за неколку месеци, бидејќи веќе долго време се подготиувала за трговска криза, појаснува Харц.

Кинеските добавувачи на „Freiberger Compound Metals“ им ги доставиле на властите неопходните податоци за добивање на извозните дозволи, додава Харц.

Во германската компанија процениле дека испораките веројатно ќе застанат во август и повторно ќе започнат во септември, откако кинеските власти ќе ги обработат барањата, но веродостојни информации не се достапни, додава челникот на компанијата.

Харц змета дека Кина нема да го попречува тргувањето со галиумот во следните неколку години, бидејќи тоа би наштетило и на нејзината електронска индустрија. Кона само „ѕвечка со оружје, бидејќи водечките светск ипроизведувачи на засилувачите за радио сигналите се сместени во САД, смета тој.