Кина поттикнувала германски функционери позитивно да ги оценуваат нејзините мерки во пандемијата

BERLIN, GERMANY - DECEMBER 11: The Chinese Embassy stands on December 11, 2017 in Berlin, Germany. Hans-Georg Maassen, the head of the German intelligence service, the BvG (Bundesamt fuer Verfassungsschutz), has accused China of seeking to spy on German politicians and institutions by setting up fake accounts on LinkedIn and other social media for recruitment purposes. (Photo by Sean Gallup/Getty Images)

Кинески дипломати контактирале функционери на германската влада и се обиделе да ги поттикнат да дадат позитивни оцени за постапките на Кина во пандемијата на коронавирусот, се наведува во јавно сѐ уште необјавен извештај на министерството за внатрешни работи на Германија кој агенцијата Reuters до добила во неделата на увид.

„Германската влада е запознаета со поединечните контакти на кинески дипломати со цел да поттикнат позитивни јавни изјави за постапувањето на Народна Република Кина во врска со коронавирусот. Сојузната влада никогаш не ги исполнила тие барања“, се наведува во споменатиот извештај.

Дописот на германското министерство за внатрешни работи кое е датирано со 22-ри април било испратено до пратеничката во Бундестагот на партијата на Зелените, Маргарете Баусе, како одговор на нејзинот пратеничко прашање дали кинеските дипломати ги контактирале германските функционери за да ги наведат да изнесуваат позитивни оцени за Кина.

Во извештајот на германското министерство за внатрешни работи не се наведува периодот во кој се случиле тие контакти.

За содржината на одговорот на министерството прв извести весникот Welt am Sonntag. Меѓутоа, весникот наведе и дека кинеската амбасада во Берлин го отфрлила извештајот како невистинит и неодговорен.

Амбасадата во неделата не била достапна за коментар, а министерството за надворешни работи на Кина сѐ уште не одговорило на барањето на агенцијата Reuters за коментар.

Во дописот германското министерство за внатрешни работи истакнува и дека владата во Берлин ги признала напорите на Кина да се заузда пандемијата, особено од 23-ти јануари и без тоа од неа да го бара официјален Пекинг.

Се наведува, исто така, дека Германија на Кина ѝ кажала дека верува оти во сузбивањето на пандемијата е важна транспарентноста, но како што забележува Reuters, без да каже дали верува или не дека кинеските власти биле транспарентни

Во петокот Reuters објави дека Кина се обидувала да го блокира извештајот на Европската унија во кој се наведува дека Пекинг ширел дезинформации за појавата на короанвирусот, повикувајќи се на четири извори и допломатска кореспонеденција. Сепак, официјална потврда агенцијата на добила.