Американскиот ракетен разорувач „Milius“ од класата „ Arleigh Burke“ незаконски навлезе во кинеските територијални води во близина на гребенот Меиџи, кој се нарекува уште и Мисчиф, во Јужното Кинеско Море, предупреди во понеделникот портпаролот на борбената команда на кинеската Народноослободителна армија, Тијан Џунли.
„На 10-ти април ракетниот разорувач Milius илегално навлезе во водите во водите во непосредна близина на гребенот Меиџи кај кинеските острови Нанша, без да добие одобрение од кинеската влада“ за транзит, го цитира кинеската државна телевизија CCTV воениот портпарол.
Јужната зона на борбената команда покренала следење на американскиот разорувач со помош на поморските и воздушните сили, додал Тијан.
„Кина има неоспорен суверенитет над островите во Јужното Кинеско Море и соседните води, а трупите на (јужната) зона на борбената команда секогаш се во состојба на висока готовност“, истакнал портпаролот.
Кинеската војска го забележала пловењето на американскиот разорувач на последниот ден од нејзините голем тридневни воени маневри во близина на Тајван, кои се одржуваат во услови на зголемени тензии. Источната зона на борбената команда на Кина претходно потврди дека од петокот до понеделникот ги спроведува вежбите во акваториумите на север, југ и исток од островот, во чии рамки во саботата бил симулиран напад врз Тајван.
Тајванското министерство за одбрана, кое се потпира на сеопфатна помош од војската на САД, објави дека изминатите денови десетици кинески воени бродови и борбени авиони ја минуваат централната линија во Тајванскиот теснец, неформалната граница, и навлегување во зоната на тајванската противвоздушна одбрана.