Кина во четвртокот предупреди дека ќе преземе строги мерки доколку претставничката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Неси Пелоси, го посети Тајван и порача дека таквата посета сериозно ќе влијае врз кинеско-американските односи, по медиумските извештаи дека демократката на островот ќе допатува следната седмица.
Кина го смета Тајван, кој е поддржуван од САД, за одметната своја покраина и кинеска територија, и е постојан извор на тензии меѓу Пекинг и Вашингтон, особено имајќи го предвид постојаната силна воена и политичка поддршка.
Можната посета не ја потврдија ниту кабинетот на Пелоси, ниту тајванската влада, но некои јапонски и тајванскиот медиуми известија дека тоа ќе се случи откако таа викендов ќе ја посети Јапонија.
Портпаролот на кинеското министерство за наворешни работи Жао Лиџијан изјави за новинарите на брифингот дека Пекинг цврсто против сите форми на официјална соработка меѓу САД и Тајва, а Вашингтон би требало да го откаже патувањето. Последиците од секоја посета би ги понеле САД, додаде без да изнесе поединости.
Во недела се одбележува 43-годишнината од американското потпишување на Законот за односите со Тајван со кој се регулираат врските во недостиг од официјалните дипломатски односни, бидејќи САД се обврзуваат кон Пекинг на непризнавње на островот како самостојна држава, и кој ја содржи американската обврска на Тајван да му обезбедуваат срества за одбрана.
Последен пат претседател на Претставничкиот дом го посети Тајван во 1997 година, кога Њутон Лерој Грингрич се сретна со тогашниот претседател Ли Тенг-хуи.
Пелоси, долгогодишна остра критичарка на Кина, особено по прашањњето на човековите права, одржа виртуелен состанок со тајванскиот потпретседател Вилием Лаи во јануари.