Кинескиот државен врв призна во понеделникот „пропусти и недостатоци“ во реакцијата на земјата на епидмеијата на новиот сој коронавирус, додека бројот на починати и заразени се зголемува.
Ноќта кон вторникот, кинеските здравствени власти објавија дека во централната покраина Хубеи, чиј главен град Вухан се смета за жариште на епидемијата со новиот сој вирус 2019-nCoV, се регистрирани 414 смртни случаи, а бројот на заразените се зголемил на 13.522 лица, а во цела Кина повеќе од 17 илјади. Надвор од Кина има околу 150 заразени и еден смртен случај.
Според истиот извор, во последното деноноќие во покраината се регистрирани 2.345 нови случаи на зараза и 64 починати.
Претходно во понеделникот постојаната комисија на Политбирото на комунистичката партија заклучи дека треба да се подобри националниот систем за управување со кризни ситуации, пренесува државната новинска агенција Xinhua. Со состаникот претседавал шефот на државата Кси Џинпинг.
Наложени се мерки против пазарите за диви животни, од каде што, како што засега се верува, започнало ширењето на вирусот.
„Поради пропусти и недостатоци кои се покажаа во реакцијата на оваа епидемија, мораме да го подобриме нашиот национален систен за управување со кризи и да ги подобриме нашите способности за решавање на итните и опасни задачи“, се наведува во соопштението на Пилитбирото.
Постојаната комисија на Политбирото заклучила дека треба „решително да се забрани“ тргувањето со илегални диви животни, и да се засили надзорот над пазарите.
Според сомневањата на кинеските епидемиолози, заразата започнала да се шири од пазарот за морска храна во градот Вухан, на кој се продавале нелегално диви животни, и тоа веројатно од лилјаци или од змии кои се хранат со нив.